| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата „Разговорница“ од Кристина Николовска

razgovornica

На 21 мај, четврток во 12 часот во „Матица ексклузив“ ќе биде промовирана книгата филозофски разговори „Разговорница“ од Кристина Николовска. Книгата ќе ја промовираат Јордан Плевнеш и Венко Андоновски, а музички настап ќе има маестро Борис Трајанов.

На промоцијата ќе има и средба со соговорници на Николовска.

Книгата содржи разговори за уметноста и филозофија на уметноста со познатите: Гане Тодоровски, Ферид Мухиќ, Јордан Плевнеш, Горан Стефановски, Борис Трајанов и Венко Андоновски.

Кристина Николовска е писател, универзитетски професор, теоретичар на литература, литературен критичар, есеист, поет, антологичар, менаџер на кампањи.

Николовска е редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески„ во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

Автор е на дванаесет книги поезија, теорија на литература, литературна критика и есеистика, монографии и филозофски разговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top