| четврток, 6 декември 2018 |

Лекари на „Твитер“ споделуваат фотографии како спијат – И ние сме луѓе, не сме машини

Во почетокот на месецот, во Мексико беше актуелна една приказна на блогер кој го критикуваше медицинскиот работник кој заспал во ек на работно време. Потоа, на социјалните мрежи беше основано движење кое има за цел да застане во одбрана на докторите и да покаже дека и тие се обични луѓе кои имаат потреба за одмор и за сон.

150519134.7_mn

Блогерот објави фотографија на еден млад приправник кој спие над документи.

– Свесни сме дека ова е напорна работа, но лекарите се приморани да ја работат својата работа. На стотина пациенти им е потребно нивното внимание – напиша блогерот.

150519134.4_mn

Кога лекарот од Мексико, Хуан Карлос слушнал за овој случај, застана во одбрана на младиот доктор и под хаштагот #И јас заспав покрена акција на социјалните мрежи.

150519134.3_mn

– Не е легално лекар да ги фотографира своите пациенти без нивна согласност, но пациентот може да го фотографира лекарот со цел да ја уништи неговата репутација – изјави Карлос за „Би-Би-Си“.

Ова движење на „Твитер“ доби многу следбеници.

150519134.6_mn

– Смените од 36 часа е невозможно да се издржат без повремен одмор од десетина минути – напиша хирургот Паоло Перез.

150519134.1_mn

Еден од здравствените работници напишал дека проблемот е што денес односот лекар-пациент е многу разнишан и пациентите на социјалните мрежи почесто споделуваат лоши отколку добри искуства.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top