| четврток, 6 декември 2018 |

Кајмакоски: Дадовме сѐ од себе на сцената

daniel-so-svetski-nastap-na-evrovizija-01.jpgМакедонскиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски синоќа настапи со „Autumn Leaves“ во првото полуфинале на 60-то издание на Евровизискиот фестивал, но Македонија не се пласираше меѓу десетте финалисти.
Првата полуфинална вечер се одржа пред 10.000 публика во „Штадтхале“ во Виена, а телевизискиот пренос го следеа над 130 милиони гледачи во светот.

Од 16 полуфиналисти, 10 држави изборија пласман во финалето: Русија, Естонија, Грција, Белгија, Грузија, Албанија, Србија, Романија, Унгарија, Ерменија.

Завчера веќе гласаа членовите на националните жирија, а синоќа гласаа телевизиските гледачи, со што се комплетираа конечните поени од секоја земја учесничка.

– Дадовме сѐ од себе на сцената и верувам дека емоцијата на „Autumn Leaves“ допре до публиката. Многу ми значеше и поддршката на “Merj“ во изведбата. Им благодарам на сите фанови во Европа кои гласаа за нас. Учеството на Евровизија е едно големо искуство за мене, секоја чест за организацијата на фестивалот и се надевам дека најдобрата песна ќе победи – изјави Даниел.

Второто полуфинале ќе се одржи в четврток, а финалната вечер на „Евровизија“ в сабота, 23 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top