| четврток, 6 декември 2018 |

Двојки ќе можат да си даруваат органи

operacija
Министерството за здравство до Владата достави измени и дополнување на законот за пресадување делови од човечко тело.
Со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување се врши дополнување на одредбите на постојниот закон со воведување на можноста за дарување помеѓу двојки, во делот кој се однесува на дефинирање на лицата кои може да даруваат органи, условите за националниот координатор и други прецизирања во текстот на законот, се вели во предлог доставените измени кои чекаат зелено светло од Владата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top