| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Америка греши и кога е во право

stejt-department-1339587723-169938

Американскиот Стејт Департмент денеска излезе со став дека ги поздравува напорите на Владата на Република Македонија за надминување на политичката криза, посебно со преземената политичка одговорност и оставките на двајцата министри и шефот на ДБК, и уште еднаш ја повика опозицијата на враќање во Парламентот како единственото место од кое треба да се работи на разрешницата на случајот со прислушувањето.

Портпаролот на Стејт Департментот Џеф Ратке повика македонските лидери да работат заедно во Собранието и „да отпочнат дијалог за прашањата кои ја спротиставија земјата, за неопходните реформи и за актуелната политичка криза“.

Веднаш со своја реакција се јави претседателот на СДСМ, Зоран Заев:

„Почитувани граѓани, Америка греши, дури и кога е во право. Откако беа врвни демократи кога повторија дека е важна медиумската рамноправност, отварање на содржината од објавените разговори и заштита на луѓето кои ги објавуваат, луѓето од Стејт Департментот паднаа на испитот за потполно согласување со нашите црвени линии и сходно на тоа тие грешат. Не може да повикуваат да се вратиме во Собранието на Република Македонија, кога ние кажавме дека не се враќаме се додека Никола Груевски не поднесе оставка.

Не се согласуваме дека местото на опозицијата е во законодавниот дом, туку во шаторите пред владата, од каде преку песна и игра ќе ја покажеме нашата конструктивност во процесот во кој целиот свет, од ВМРО-ДПМНЕ до Америка треба да се сложат со нашите ставови.

Бидејќи не се согласуваме со повикот на Америка да се вратиме во парламентот, одбираме да не се согласиме и со повиците за заштита на луѓето кои ги објавуваат прислушкуваните материјали, не се согласуваме воопшто со отварање на содржината од материјалите, а најмалку со медиумската рамноправност“, стои во соопштението потпишано од Заев.

Тој заклучува: „Со ова се докажа дека Америка греши и кога е во право. Само СДСМ не греши никогаш. Ако Америка не го корегира својот став опозицијата е подготвена од тука, од кампот пред Владата, да донесе одлука за непризнавање на Америка под нејзиното уставно име, како прва мерка која ќе ја преземеме поради нејзината недемократичност. Aко и ова не вроди со плод, спремни сме и да започнеме да произведуваме нуклеарно оружје од истиот овој камп, преку едноставно одбивање да посетуваме тоалети и тоа ќе го правиме се додека Обама не поднесе оставка. Оваа влада на Америка за нас веќе нема никаков кредибилитет“.

Дознаваме дека Претседателот на САД Барак Обама свикал итна седница на Советот за Безбедност на која ќе присуствуваат и претставници-фармацевти од Бирото за Лекови и членови на Психијатриската Агенција на САД. На средбата ќе се дискутира за најновите ставови на Заев и опозицијата.
Кромиди Запад

***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.  

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top