Јавното претпријатие за државни патишта, во соработка со локалната самоуправа, со средства од Светската банка ќе го рехабилитира регионалниот пат од Дојран до селото Николич, во должина од 6 километри и широчина на коловозната лента од 5,5 метри.
Во фаза на подготовка, денеска во селото Николич се организира јавна консултација за извештајот за процена и управување на животната средина со засегнатите страни и локалното население покрај делницата.
Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов, рече дека ова е еден од пофреквентните патни правци во општината од големо значење за локалната самоуправа и посебно за Николич.
Тој изрази надеж дека проектот кој беше баран од граѓаните сигурно ќе го помогне развојот на локалната индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.