| четврток, 6 декември 2018 |

Момче панично бегало од вооружен роднина низ улиците на Тетово

Дваесет и тригодишниот Х.Ј. од Скопско, вчера попладне пријавило дека дента околу 14 часот додека се движело по улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, во непосредна близина на зелениот пазар, одзади му се доближило лице од тетовско Ново Село.

Тој бил роднина на неговата тетка, со кого имале нарушени односи.

Набрзо, според кажувањето на Х.Ј, лицето извадило огнено оружје пиштол, го вперило  и почнало да трча по него. Исплашен за својот живот, Х.Ј. почнал да бега и успеал да му избега, по што дошол во полициската станица Тетово и го пријавил случајот.

Се преземаат активности за расчистување на сите поединости поврзани со пријавеното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top