Медиумските куќи од регионот кои се во Македонија по повод актуелните случувања, за вечерашниот народен собир известуваа за над 90 илјади граѓани кои вчера им дадоа поддршка на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Телеграф.рс пренесе: „Заев нема да биде премиер на Македонија: порача Груевски пред 90 илјади присутни на собирот“. Се пренесува и фотогалерија како и видео од обраќањето на премиерот Никола Груевски. Во веста се наведува дека импозантните фотографии кои се испраѓаат од Скопје покажуваат дека Никола Груевски и натаму ужива убедлива доверба кај македонскиот народ.
„Околу 90 илјади присуствуваа на контрамитингот во Скопје“, објави босанскиот Кликс.ба вест која е надополнета со фото-галерија.
Хрватскиот 24часа.инфо пренесе видео во вест под наслов „Провладин собир во Скопје: 90.000 граѓани во поддршка на актуелната влада“.
Српскиот „Нови магазин“ се надоврзува со изјавата дека на Македонија не ѝ треба премиер кој краде и лаже, како и пораката што Груевски му ја упати на Заев дека вечарашниот митинг за поддршка на власта докажува дека тој не успеал да ја урне со монтирани снимки и терористички банди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денес се слави Денот на македонската револуционерна борба
-
ВМРО-ДПМНЕ: Договореното не е во сообразност со интересите на македонскиот народ
-
Митингот на ВМРО ДПМНЕ во светските медиуми, „Вашингтон пост“ напиша: Протестот е почеток на крајот
-
Груевски: Како влада направивме многу за Струмица и Струмичко