Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на 125. сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа што ќе се одржи денеска во Брисел, Белгија.
На состанокот министрите ќе дебатираат по Извештајот на Генералниот cекретар Торбјерн Јагланд, документ кој се осврнува на демократската стабилност и безбедност, состојбата во земјите на СЕ како и планот за акција за подобрување на слабостите.
Борбата против тероризмот и радикализмот, обезбедувањето долгорочна ефикасност на системот на Европската конвенција за човекови права, соработката со Европската Унија како и политиката на Советот на Европа кон соседните региони исто така ќе се најдат на агендата на Комитетот на министри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.