| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Не им успеа на СДСМ да не втурнат во конфликт

FYROM MEETING FOR SUPPORTING GOVERNMENT
Пред 2 недели и покрај сценариото кое се одвиваше неколку месеци, Европската Комисија, ја објави пролетната прогноза дека Македонија која во 2013 и 2014 имаше втор највисок раст на економијата, оваа година и следната ќе има највисок економски раст во Европа. Тоа значи и многу инвестиции и многу нови раб места и многу повисок извоз, туризам... – рече премиерот Никола Груевски пред илјадниците граѓани собрани пред Собранието на Македонија.

Кратко по ова во Македонија најопасната терористичка криминална група во југоисточна Европа да ја дестабилизира Македонија со искусни терористи. За неполни 30 часа македонските полициски сили целосно ја неутрализираа групата и покажаа невидена храброст пожртвуваност одлучност и херојство во сложената полициска операција и додека тие се бореа ставајќи го својот жив на ризик, опозицијата се подбиваше дека полицијата си играла камај, дека се било договорено и организирано и тоа беше наменето Македонците. За Албанците контролираните медиуми работеа на потпалување, дека се убиени цивили и дека е убиено девојче и што уште не, истакна премиерот Груевски.

Тој додаде дека лагите излегоа на површина-нема цивилни жртви а штетите ќе ги покрие државата.

Не им успеа да не втурнат во конфликт! ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе најде начин да го запре овој залет на правење штетеа на Македонија, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top