| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Заев без срам зборува за инвестиции, а не донесе ниту еден единствен инвеститор во неговиот град

Vmro Miting Zaedno sme posilni 18 05 15 (14) (Custom)Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Никола Груевски, од големиот собир во Скопје нагласи дека СДСМ сакаат без програма, проекти и дела да го добијат мнозинството гласови, наспроти деноноќното работење, инвстициите, новоотворените работни места од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сето тоа е контрастот кој го покажува нивното неработење кога тие го имаа мнозинството гласови од граѓаните, рече Греувски.

Додаде дека Заев без срам зборел за инвестиции, а не донел ниту еден единствен инвеститор во неговиот град.

– Го слушам вечра Заев збори дека ќе донеле странски инвестици, а домашните ќе го имале приматот, па тој цели 10 години е градоначалник на Струмица а не донел ниеден инвеститор. И кој примат ќе го имаат домашните компании – оној со директно барање мито и корупција, каласичен рекет, без срам и тронска достоинство, посочи Греувски.

-Сакајќи да ни донесе зло сценаристот Зоран Заев, тој ќе не направи посилни како држава, како општетсво и како поединци, порача Греувски од Народниот собир во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top