| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: За неполни 30 часа македонските полициски сили целосно ја неутрализираа групата во Куманово

GEO05 (Small)

-Во Македонија најопасната терористичка криминална група во југоисточна Европа не успеа да ја дестабилизира Македонија со искусни терористи. За неполни 30 часа македонските полициски сили целосно ја неутрализираа групата и покажаа невидена храброст пожртвуваност одлучност и херојство во сложената полициска операција и додека тие се бореа ставајќи го својот жив на ризик, опозицијата се подбиваше дека полицијата си играла камај, дека се било договорено и организирано и тоа беше наменето Македонците. За Албанците контролираните медиуми работеа на потпалување, дека се убиени цивили и дека е убиено девојче и што уште не – изјави премиерот Никола Груевски вечерва на народниот собир во Скопје.

Тој додаде дека лагите излегоа на површина-нема цивилни жртви а штетите ќе ги покрие државата.

-Не им успеа да не втурнат во конфликт! ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе најде начин да го запре овој залет на правење штетеа на Македонија – истакна Груевски.

Пред две недели и покрај сценариото кое се одвиваше неколку месеци, Европската Комисија, ја објави пролетната прогноза дека Македонија која во 2013 и 2014 имаше втор највисок раст на економијата, оваа година и следната ќе има највисок економски раст во Европа. Тоа значи и многу инвестиции и многу нови раб места и многу повисок извоз, туризам, подвлече Груевски пред илјадниците граѓани собрани пред Собранието на Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top