| четврток, 6 декември 2018 |

Советот на ЕУ загрижен за ситуацијата во Македонија, ќе се наврати на темата во јуни

еу
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, вечерва, заедно со Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, дискутираа за политичката и безбедносната ситуаицја во Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Македонската тема на европските шефови на дипломатиите беше последна под точка разно, при што единствен официјален заклучок е дека министрите за надворешни работи ќе се навратат на ова прашање во текот на јуни месец, при подготовката на заклучоците за Самитот на Европскио совет што ќе се одржи пред крајо тна идниот месец.
Според информациите од состанокот на ГАК, главнидискутанти биле Могерини, Хан, бугарскиот министер Даниел Митов и неколку други министри. Притоа, сите изразиле загхриженост за терористичкиот напад што се случи во Куманово, како и за политичката ситуација во земјата. Со оглед на тоа што темите од точка разно се сметаат за неофицијални, освен што нема заклучок, ниту некој официјално кажа што ои како се разговарало за Македонија по средбата, ниту оваа тема се најде во соопштението на Советот на ЕУ.
– Нема политичка декларација во однос на Македонија. Вечерва имаше само бриф-точка за ова прашање, со оглед на тоа што ситуацијата во земјата го привлече вниманието. Федерика Могерини рече дека за ова прашање е потребно подлабока дискусија, па тоа ќе се случи на следнио Совет на министри на ЕУ во јуни. Вечерва немаше дискусија, само интервенција од страна на Европската комисија, односно комесарот Хан, кој рече дека постои тешка ситуација во Македонија и дека сите се поканети да го контактираат за ова прашање. Но, неговиот одговор е дека денеска нема време да се оди во детали, но ќе се стори тоа во јуни – информираше ЕУ-дипломат за дискусијата за Република Македониај на вечерашнито состанок на ГАК.
Единствена надеж, министрите за надворешни работи на ЕУ-земјите положиле во комесарот Хан и неговата утрешна средба со македонскиот премиер Никола Груевски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, што ќе се случи во Стразбур.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top