| четврток, 6 декември 2018 |

Ачковска: Силен народ кој во срцето си ја носи татковината

Вечерва е привилегија да се бидел дел од народен собир. Ова е Македонија! Силен народ кој во срцето си ја носи татковината.Ви се обраќам како мајка и граѓанин во името на сите родени и неродени генерации да испратиме позитивна енергија дека Македонија се сака и ќе опстои заради нашето единство и сплотеност да го сочуваме мирот и да ја одбраниме демократијата, истакна професорот и член на ГДОМ, Виолета Ачковска пред илјадниците граѓани кои се собраа пред Собранието на Република Македонија.

Многу од случувања на кои бевме сведоци се видени во 2001 на ист начин и со исти актери, подвлече таа и истакна дека по поразот на терористите во Куманово, некој сега сака да ја спроведе украинската криза во Македонија.
vackovskaa_thumb_medium380_0

А најтажно е што изостана силната осуда на тероризмот на оние кои во паника извикуваа „Ј ас сум Чарли“. Тероризмот не познава граници, затоа дозволете во името на свежите гробови на паднатите полицајци да порачаме: Ние сме Македонија и ние сме дел од антитерористичката коалиција. За жал бев сведок на распослани шатори на украинската опозиција, кога се рушеше една легитимно избрана власт со нелегални средства, со благослов на некои кои гласно се повикуваат на демократија, додаде таа.

Моменталната опозицијата и надворешните ментори, додаде таа, ни ја повторуваат украинската драма, се поставуваат шаторите, а потоа најверојатно ќе следи некој Македонски Клинчко, името не му е важно.

Нашата сила и енергија која зрачи овде и сега е најголемата пречка за реализација на тоа сценарио. Застануваме зад мир и просперитет на Македонија и на браникот на демократијата, бараме да биде почитувана волјата на граѓаните на Македонија која , наспроти деструктивна агресивна и безидејна опозиција, со манипулации, притисоци и насилство. Се врши терор а мнозинството и се пласира излитената фраза дека се борат за демократија, рече Ачковкса и продолжи:

Му порачуваме на Никола Груевски  да ја заштити суверената волја на мнозинството граѓани на Македонија. Со тоа ќе покаже дека демократијата е почитување на правото и почитување на институциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top