| четврток, 6 декември 2018 |

Европска народна партија: Груевски победи на демократски избори и ја има нашата поддршка

Европската народна партија(ЕПП) го подржува Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ која е членка на ЕПП, пишува српски Нови магазин, пренесувајќи ја изјавата на портпаролот на ЕПП романскиот пратеник Зигфрид Мурешан.

Gruevski-EPP-620x330_thumb_medium500_266Според портпаролот на ЕПП кој го пренесува ставот на најголемата политичка групација во Европа, аферата со прислушувањето не ја загрозила довербата која ЕПП ја има во својата членка од Македонија, целиот случај треба детално да се истражи и разјасни, а Груевски победил на демократски избори во 2014 година и треба да го оствари својот мандат.

ВМРО е членка на ЕПП и ја има нејзината поддршка. Како и секоја членка треба да ги почитува вредностите на ЕПП, владеењето на правото и напорите за изградба на силно и независно судство и сузбивање на корупцијата. Груевски победи на демократски избори со волја на мнозинството граѓани на Македонија и треба да му се овозможи да го спроведе мандатот, вели портпаролот на ЕПП во изјава за Нови магазин.

Портпаролот на ЕПП како неприфатлив го оцени фактот што СДСМ од изборите во 2014 година досега не учествува во работата на македонскиот парламент.

ЕПП е најголемата политичка групација во Европа која ги обединува партиите од политичката десница на европските земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top