| четврток, 6 декември 2018 |

Белгија: Седум жени осудени на затворски казни за поддршка на ИД

Белгиски суд изрече затворски казни за седум жени за помагање на „Исламска држава“ и радикализирање на млади жени, кои биле убедувани да заминат за Сирија и да се приклучат кон џихадистите, како и да се омажат за борци од групата.

Осудени се пет Белгијки, една Холанѓанка и една Мароканка.

На четири од нив им е судено во отсуство. Се претпоставува дека тие се наоѓаат во женски баталјони на ИД во Сирија, посочи судот во Антверпен. Тие добија петгодишни зтаворски казни за учество во џихадистички баталјони.

Присутните во судот три жени се прогласени за виновни за олеснување на заминување на платеници на ИД и собирање средства за организации за радикализирање на девојки. Нивните казни се од 20 до 30 месеци затвор.

Во февруари 45 мажи од радикалната исламистичка група „Шеријат за Белгија“ беа осудени за членување во терористичка организација. Водачот на групата доби 12 години затвор

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top