Илјадници граѓани од секој дел на Македонија попладнево тргнаа кон Скопје. Полни автобуси, возови и автомобили се упатуваат кон главниот град, каде вечерва владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи голем митинг пред македонското Собрание.
„Македонија силна“ е мотото под кое вечерва во 20 часот граѓаните на Македонија ќе излезат на улиците на Скопје, како што велат од партијата – за да покажат дека се борат за почитување на правото на глас, за почитување на изборната волја, за отварање нови работни места, граѓаните на Македонија ќе покажат дека се борат за новите фабрики и автопати.
– ВМРО-ДПМНЕ заедно со македонскиот народ, со сите граѓани, со Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците и сите други ќе излезе на голем народен митинг за поддршка на стабилна и силна Македонија. Овој митинг ќе биде мирен, достоинствен и плод на разумот на секој наш граѓанин – велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митингот на ВМРО ДПМНЕ во светските медиуми, „Вашингтон пост“ напиша: Протестот е почеток на крајот
-
Груевски: Како влада направивме многу за Струмица и Струмичко
-
Толку од ветувањата за чист град: СДСМ го преполни Скопје со ѓубре (галерија)
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Струмица (живо)











