Спроведувајќи засилени оперативни мерки за контрола на движењето и престојот на странци на подрачјето на Босна и Херцеговина, Службата за работа со странци денеска му го откажа престојот и му изрече мерка протерување со забрана за влез и престој во БиХ на период од три години на лицето С.Б. (1984), државјанин на Република Македонија, кој е прогласен за закана за националната безбедност на БиХ, јави агенцијата Фена.
Македонскиот државјанин, кој се доведува во врска со „радикалните следбеници на селефизмот“ во БиХ, е лоциран на подрачјето на Зеница, па заради обезбедување на извршувањето на мерката протерување и ограничување на движењето за заканата за националната безбендост на БиХ, сместен е под надзор во имиграциски центар.
Тој во БиХ престојувал врз основа на одобрение за привремен престој врз основа на вонбрачна заедница со државјанка на БиХ, а веднаш по добивањето на податоците за неговите активности што можат да ја нарушат безбедноста на земјата Службата го процесуирала и притоа презела дополнителни мерки за неговото отстранување од БиХ.
Службата за работа со странци и во следниот период ќе продолжи за спроведува засилени контроли на движењето и престојот на странци во БиХ и со своето делување ќе дава полн придонес кон безбедноста на БиХ, соопшти Службата за работа со странците, а пренесува Фена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Македонец од Виена и Србин од Марвинци шверцувале антички монети и артефакти со непроценлива вредност
-
Македонците во БиХ од денеска ќе патуваат само со лична карта