| четврток, 6 декември 2018 |

„Виз ер“ воведува нова категорија билет

Најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и источна Европа ја објави новата категорија при купување на нивните авиобилети.

„Плус билет“ е додатна опција на Визеровиот „основен билет“ и вклучува поголема флексибилност за патниците. Како дополнување на авиобилетот, „плус билетот” вклучува 32 кг чек-ин багаж, поголем рачен багаж, аеродромски чек-ин, Виз флекс за промена на датумот на летот, избор на седиште и приоритетни бординг услуги.

„Плус билетот“ им нуди на корисниците пониски пакет цени од „основниот билет“ (обичен авиобилет) и износот на одделните услуги, ако се платат поединечно. Со цел корисниците да се насочат кон оваа нова понуда, продажбата на услугите Виз премиум и Премиум плус е укината.

„Плус билетот“ сега е достапен на wizzair.com, а ќе биде достапен и на мобилните апликации во текот на следните месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top