| четврток, 6 декември 2018 |

Над 2.600 земјоделци од Куманово, Липково и од Старо Нагоричане поднеле барање за субвенции

зем

Над 2.600 земјоделци од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане поднеле барање за земјоделски субвенции, информираа денеска од подрачната единица на Министертвото за земјоделство, водостопанство и шумарство.
– Земајќи ги предвид земјодлеците кои кај нас се евидентирани и кои ги ажурирале податоците во фарм-регистарот,станува збор за 40 проценти од евидентираните земјоделци – изјави денеска, раководителот на подрачната единица на ресорното министертво, Насер Даути.
Тој потсети дека 31 мај 2015 година е крајниот рок до кога треба да се достават барања за директни плаќања за растително и сточарско производство.
Даути очекува до крај на овој месец над 95 проценти од земјоделците од регионот да аплицираат за субвенции.
– Производителите на млеко што го предаваат на млекарите за производните капацитети, можат да доставуваат барања до 15 јуни, за периодот од први, втори,трети и четврти месец од тековната година – изјави Даути.
На ниво на трите општини во регистарот се евидентирани околу 7.000 земјоделци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top