Република Хрватска поддржува апсолутно пронаоѓање мирно решение на ситуацијата во Македонија и санкционирање и казнување на сите што се одговорни за тероризам.
Ова е пораката што хрватската министерка за надворешни работи, Весна Пусиќ ја испрати во изјава за МИА пред почетокот на денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија во рамки на Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој меѓудругото ќе се расправа и за ситуацијата во Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел.
– Ние сме исклучително загрижени поради ситуацијата во Македонија и сметаме дека тоа во моментов земјата е најчувствителна точка во целиот регион и меѓу земјите што не се членки на Европската унија, а всушност се наоѓаат меѓу земји-членки на ЕУ. Сметаме дека е многу важно да се прави разлика меѓу политичките разлики и истите да не се туркаат кон етнички судири и етнички разлики, бидејќи кога еднаш на Балканот се претворат политичките разлики во етнички судири, тоа секогаш има непредвидливи, дестабилизирачки и потенцијално многу опасни последици, истакна Пусиќ во изјава за МИА.
Министерката за надворешни работи на Хрватска, исто така беше децидна дека она што се случи со терористичкиот напад во Куманово, како и се што е поврзано со случајот „Пуч” во Македонија, дека треба да има правна разврска.
– Што се однесува до Хрватска, земјата поддржува апсолутно пронаоѓање на мирно решение во Македонија, санкционирање и казнување на сите што се одговорни за било-каков тероризам. Но, ние очекуваме и враќање на расправата во политичките рамки од оваа состојба на речиси на раб на судир, додаде Пусиќ.
Претходно, шефот на дипломатијата на Албанија, Дитмир Бушати, на заедничка прес-конференција со еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, а по Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ и оваа држава, рече дека последните настани во регионот покажале дека има проблем од застанатите евроинтегративни процеси. Тој побара ЕУ да испрати силен сигнал за политички процес во земјите од Западен Балкан, како и дека меѓу нив, добрососедските односи и регионалната стабилност е есенцијален елемент. Бушати, исто така рече дека Грција е стратешки партнер на Албанија во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст