| четврток, 6 декември 2018 |

ПОДЕМ со повик до граѓаните утре на големиот семакедонски народен собир да придонесат за стабилноста на Македонија

podem500

Партијата на обединети демократи на Македонија ги повика членовите на ПОДЕМ и сите граѓани на утрешниот големиот семакедонски народен собир да го дадат својот придонес за мир, стабилност, демократија и прогрес во Македонија.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението од Партијата на обединети демократи на Македонија:

Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ, упатува повик, не само до членовите и симпатизерите на ПОДЕМ, туку до сите граѓани на РМ, во овие клучни моменти за нашата држава, сите до еден да го дадеме својот придонес за мир, стабилност, демократија и прогрес во Македонија.

Тоа е особено важно сега, кога сите ние сме исправени пред изборот дали Македонија ќе продолжи по патот на прогресот или ќе се врати многу чекори назад.

ПОДЕМ повикува да покажеме пред сè политичка култура и демократско однесување, засновано на изнаоѓање решенија во рамките на институциите, како резултат на преговори и конструктивен компромис, кој пред сè ќе ги има во предвид интересите на нашата држава.

ПОДЕМ, Ве повикува на големиот семакедонски народен собир во Скопје, кој ќе се одржи во понеделник на 18 ти Мај во 20:00 часот, пред Собранието на РМ, каде што сите сплотени на мирен и достоинствен начин, да покажеме дека колку и да се различни нашите политички патишта и интереси, сепак Македонија е наша заедничка цел и наш заеднички интерес.

Опциите кои стојат пред нас се јасни и сигурен сme дека сите граѓани на Македонија без оглед на националноста на која припаѓаат ќе ја изберат опцијата на мир, стабилност и просперитет. Да се собереме сите заедно, да го потврдиме нејзиниот пат и да упатиме порака до сите кои мислат поинаку.

А ова е време кога сите граѓани на Македонија, треба да сме единствени за да ја зачуваме Македонија таква каква што ја сакаме, каква што ја градиме.

Како и во многу други клучни моменти во македонската историја, кога многу големи сили како внатрешни така и надворешни не нè скршиле, така и сега Македонија нè повикува на обединетост и сплотеност.

Во овие моменти тоа не е само право на граѓаните на Македонија. Тоа е должност на секој од нас.

За силна Македонија потребно е единство!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top