| четврток, 6 декември 2018 |

БЕДЕМ: Згрозени сме и ја осудуваме јавната поддршка на терористите од Куманово и веењето знамиња на Голема Албанија на митингот на СДСМ

miting

-Здружението Бедем истовремено остро ги осудува и картите и знамињата на Голема Албанија кои се вееја на вчерашниот митинг организиран од СДСМ. Тоа се антидржавни чекори од којшто политичките лидери присутни на вчерашниот собир треба да се срамат. Додека ги поддржуваат терористите во Куманово, треба да им е јасно дека во истата таа акција загинаа 8 македонски бранители и херои, триесетина полицајци беа ранети – се вели во соопштението од БЕДЕМ.

miting2

Од Здружението нагласуваат дека не можат да ја разберат подлоста на Зоран Заев кој во деновите на жалост, наместо кај македонските бранители кои беа ранети во акцијата присуствуваше во кумановската дива населба, згора на тоа, додека македонскиот народ се простуваше со загинатите полицајци тој со знакот на УЧК, насмеан беше во прегратки на поддржувачите на терористичката група.

miting3

-Ваквата срамна поддршка говори и за смислен упад на терористичката група во Куманово чијашто цел е дестабилизација на државата, а сето тоа наоѓа на политичка поддршка на одредени кругови кои не се срамат јавно да ги поддржат луѓето кои им пружаат логистика. Зоран Заев покажува дека е во неформален сојуз со истите тие кои пукаа во македонските полицајци – стои во соопштението.

miting4

Од БЕДЕМ нагласуваат дека Заев покажал поголема грижа за нив отколку за оние кои ги бранеа државата, Уставот и поредокот. Здружението Бедем и сите бранители во државата јавно го осудуваат ваквото однесување кое е на штета на соживотот и ги подрива темелите на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top