| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден скандал на Милица во „Икс-фактор“

Milica Lojic_1000x0

Осумнаесетгодишната Милица Лојиќ oд Бања Лука синоќа не настапи со својата група „Анџелине“ на првиот концерт во живо на „Икс-фактор“. Од продукцијата не дадоа објаснување што се случи, ниту, пак, некој воопшто ја спомна. Како да не ни била дел од музичкото шоу.

11233786_10202940147624500_6387544925770614715_n

Се работи за девојката која во фазата на регрутниот камп го налути Жељко Јоксимовиќ. Тој прво ја избра да биде дел од неговиот тим на девојки, но потоа два пати ја исфрли. 

Подоцна Тончи Хулиќ ја зеде во својот тим и ја направи дел од групата „Анџелине“. Во фазата во домовите на судиите четирите девојки добија зелена карта за финалето, но синоќа на сцената излегоа само три од нив.

615098_x-faktor-uzivo-09-foto-promo_ff

Според коментарите на форумот на „Икс-фактор“ , Милица наводно самата се откажала од натпреварувањето поради обврските на училиште.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top