Организаторите на протестот на СДСМ доживеаја неуспех. Народот не ги поддржа мрачните сценарија на опозицискиот лидер Зоран Заев. По четири месеци силење, само 19 до 20 илјади лица собра СДСМ и покрај жестоките притисоци кои ги правеше кон нивните членови и активисти и кон администрацијата во општините под нивна кпнтрола. На терен е забележливо е дека Миле Зечевиќ и Есад Рахиќ потфрлија. Редарите на СДСМ кои се присутни на протестот очајно се обидуваат да ги растераат луѓето кои се присутни на поширок простор за да обезбедат подобра перцепција.
Присутните екипи на теренот велат дека постојано се сугерира на демонстрантите да се оддалечуваат човек од човек, за да опфатат поголем периметар. И од видео преносот се гледа дека има потфрлање. Забалежливи се дупките во масата, а режисерот снима и пренесува видео од полувисока, а не од висока перспектива со цел да ја затскрие слабата посетеност на протестот.
Се појавија и информации дека имало жестока расправија помеѓу Заев и неговите теренски организатори заради слабата посетеност. Заев во нервоза им викал дека Бранко Црвенковски на митингот во јуни 2010 имал повеќе народ.
Доколку се споредат снимките од митингот на СДСМ во 2010 и овој протест на Заев очигледно е дека тогаш под водство на Црвенковски СДСМ обезбеди поголемо присуство. Дополнително, на овој протест како резултат на додворувањето на СДСМ кон Албанците има и значително присуство на Албанци, што во 2010 година не беше случај, но и со Албанците на протестот сега повторно бројката е помала од онаа на СДСМ во 2010 година.
Во јуни пред пет години медиумите пренесуваа дека реалната бројка на присутни на митингот на СДСМ била 25 илјади граѓани. Во СДСМ биле свесни дека нема да имаат големо присуство, па затоа во текот на вчерашниот ден медиумите на СДСМ и СОРОС оркестрирано создаваа алиби за слабата посетеност, а тоа го прават и во текот на денешниот ден, иако и самите автобуски превозници истакнаа дека никој не им правел притисоци.
За постетување, по тој најголем митинг на СДСМ во 2010 година, социјалдемократите повторно доживеа пораз на изборите во 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст