Русија нема да го потпише новиот Договор на ОН за трговија со оружје со кој е предвидено владите да мора да бидат сигурни дека извозот нема да поттикнува судири, изјави денеска висок руски претставник од Министерството за надворешни работи.
– Одлучивме да не се придржуваме до договорот. Разгледавме се што е за или против и одлучивме да не потпишуваме – изјави Михаил Уљанов кој е шеф на одделението за неширење и контрола на оружје во МНР.
Тој додаде дека договорот е премногу слаб и оти тоа претставува одреден товар за неговите потписници.
– Немаме негативен став кон тој договор. Сепак, не гледаме цел за придружување, додаде Иљанов тврдејчи дека западните држави и Русија веќе имаат на сила контрола на извоз и оти договорот не би бил ефикасен за држави во развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.