Само шест лица беа денеска присутни на протестите што пред црквата „Света Катерина“ во Брисел ги организираше непостоечка организација „Македонска заедница во Брисел” со цел поддршка на протестите на СДСМ во Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел.
Активисти на партијата на Зоран Заев, кои деновиве преку социјалните мрежи испраќаа покани до македонските граѓани што живеат во Белгија, со цел да го поддржат протестот на нивната партија во Скопје, со „симболично” собирање и „испраќање на порака со поддршка”, доживеаја целосен дебакл со оглед на тоа што само шест лица им го поддржаа протестот, кој официјално заврши во 15 часот.
Извесна Ирена, која се претстави како организатор на денешниот „протест”, денеска посочи дека тие се организирале самоволно и дека не претставуваат никаква организација, иако во писмо-поканите се претставуваа како „Македонска заедница во Брисел”. Таа рече дека тие имаат поддршка од Европската студентска организација.
Меѓу присутните, како што можеше да се забележи, само две лица говореа на македонски јазик, додека останатите четворица беа лица од останати балкански земји. Единствена организирана и регистрирана македонска група во Белгија, спортско-рекреативното друштво „Илинден” официјално информираше дека тие не стојат зад денешниот протест, ниту дека го поддржуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија




