| четврток, 6 декември 2018 |

Средношколците и студентите со поддршка на големиот народен собир на 18-ти

Средношколската унија на Македонија дава отворена поддршка на големиот собир на граѓани кој ќе се одржи на 18 мај под мотото Македонија силна

Средношколската унија на Македонија како репрезентативен претставник на средношколците и активен партнер на институциите во повеќе суштински процеси целосно ги поддржува целите и функциите на овој голем народен собир, велат од Унијата.

Младите и средношколците застанувааат рамо до рамо со граѓаните и народот на Република Македонија и даваат поддршка на определбите за стабилна, силна и сигурна иднина на државата и сите нејзини граѓани.

-Средношколците се спротивставуваат на сите нелегитимни и насилни обиди за дестабилизација кои директно ја загрозуваат нашата иднина. Ние младите немаме ниту време ниту интерес од таквите мрачни сценарија и младите не се вазал и потчинети на политичарите туку слободно мислечки интелекти кои имаат подеднакво право да бидат дел од процесите кои ќе значат прогрес и напредок. Деструктивните политичари треба да ги тргнат рацете на политиката од младите и да престанат да прават политика на грбот на средношколците – велат тие.

Поддржувањето на големиот собир  значи јасно и гласно НЕ за деструкција и ДА за напредок и силна држава. Нашата поддршка е поддршка на определбите за Европска и силна Македонија, нагласуваат средношколците

-Младинскиот европски едукативен центар се приклучува кон граѓанскиот собир чија цел е изразување на поддршка за силна Македонија, изградба на држава со перспектива за младиот човек и држава во која се дава подденаква шанса за способните, напредните и оние кои сакаат да партиципираат во процесите – се вели во сопштението.

Студентите организирани во Младинскиот европски едукативен центар се спротивставуваат на агендите чија цел е разорување на граќанскиот концепт и политичко жртвување на младите инструментализирајќи ги за насилно рушење на демократските институции.

-Република Македонија е наша заедничка држава и како организација е сомултетнички карактер во целост ја поддржуваме овој граѓански собир кој има за цел да покаже дека сите заедно сме под знамето на нашата заедничка држава Република Македонија – велат студентите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top