Една нова студија проценува дека високата стапка на смртност значајно ја намалило афроамериканската гласачка популација.
Набрзина одговорете, кои се најрасно наелектризирани елементи од гласањето? Постои познат листа на жалби: обесправување на оние кои одлежуваат затворска казна, што заради расниот диспаритет во правниот систем непропорционално ги погаѓа малцинствата. Законот за лични карти на гласачите и други рестрикции за време на денот на гласањето, манипулации со границиите на гласачкото тело, кој ги концентрира гласачите од малцинските групи во области.
Но што е со стапките на морталитет? Тоа не нешто што влегува многу во политичките дискусии, но во еден нов труд, „Црна жива материја: Диференцијалниот морталитет и расната структура во електоратот во САД од 1970-2004“. се тврди дека расниот јаз во стапката на смртност може да има големо влијание врз националната политика.
Основата на трудот, составен од истражувачи од Математика на политичките истражувања, од универзитетите во Мичиген, Стенфорд и во Оксфорд, е едноставна: Освен ако не живеете во Чикаго, не можете да гласате ако сте мртов. Со оглед на тоа што ситуацијата со здравјето на црните е полошо отколку на белите, и животниот век е на црните во Америка е пократок, тоа мора да има влијание врз резултатите од изборите. Тимот поминал низ податоци од 1970 до 2004 година, и пресметал „вишокот на смртни случаи“ кај афроамериканците.
Вкупниот број на починати црни луѓе ќе се намалел од 8,5 на 5,8 милиони ако црните се соочувале со истата стапка на смртност како и белите. Оттука, едно од секои три смртни случаи меѓу црните кои се случиле во овој период, бил вишок на смртни случаи.
Од 2,7 милиони вишок на смртни случаи кај црните, претпоставуваме дека вкупно 1,87 милиони хипотетички преживеале до 2004, од кои 1,74 се на гласачка возраст, а околу еден милион и требало да бидат гласачи.
За споредба, и да видиме колку е ова важно, еден милион е исто така бројката на афроамериканци кои одлежувале затворска казна, но биле спречени да гласаат, стои во анализата од 2010 година. Како ефект би можело ова да има за изборите? Истражувачите претпоставуваат дека овие еден милион гласачи отповеќе би се однесувале слично на преживеаното црно население во смисол и на излезноста и на партиска определеност, контролирани според полот, возраста и географијата (местото на живеење). Нивните гласови не би го смениле исходот од претседателските избори во 2004, помеѓу Џорџ Буш и Џон Кери – иако Кери ќе добиеше повеќе од 86 проценти од тие гласови. „Како што забележува Ендрју Прокоп, но не и авторите, изборите во 2000-та беа доволно тесни што исчезнатите црни гласачи ќе го разнишаа исходот на Флорида, а со тоа и севкупниот изборен резултат на ниво на нацијата).
Но тоа ќе им помогнеше на демократите да ги победат републиканците во седум тесни избори за сенатот и во единаесет избори за гувернери помеѓу 1970 и 2004 година. Тоа ќе им овозможеше на демократите продолжена контрола и врз сенатот помеѓу 1986 и 2002 – а тоа е прилично силно влијание.
Едно интересно нешто е кои се тие исчезнати гласачи. Иако вниманието на медиумите беше фокусирано на смртноста на младите црни луѓе, како Фреди Греј, големата разлика во морталитетот нема никаква врска со насилната смртност од уличните насилства, бруталноста на полицијата, или од дрогите. „Всушност, предоминантна и постојана движечка сила зад разликите на морталитетот помеѓу црните и белите во Америка е нееднаквата распределба на хроничниот морталитет помеѓу младите се до оние на средна возраст“, се забележува во трудот.
Односот 40-65 исто излегува дека се совпаѓа со највисоката возраст на гласачите. (Природно, ако некој подолго живее, има повеќе шанси да гласаат).
Тука на сила е финтата на јавната политика. Авторите забележале дека постојат палета на фактори кои помагаат да се определи расниот диспаритет во морталитетот. Сегрегацијата на жителите и помалите нивоа на јавни инвестиции во црните соседства го намалуваат животниот век. Црните населби стремат кон поголема изложеност на загадувања, се помалку прилагодени за пешачење, цените на храната таму се повисоки, и тие гледаат повеќе реклами за цигари и алкохол. Пристапот до здравствената грижа е исто така остро поделен според расата. Наратко, постојат серија проблеми кои можат да бидат поправени преку јавни политики. Но за поинакви јавни политики е потрегно гласање, а сегашните политики прават комбинации за отстранување на делчиња од населнието на гласачка возраст, кои инаку би имале бенефити од нивното укинување.
Се разбира, постои и елементот на салонски игри во ова истражување – и вие можете да си ја играте дома ако имате пристап до истражувањето за општата социјална ситуација, до резултатите од излезноста, и Мајкрософот ексел. Постојат многу начини да се дизајнираат различни електорати. Што ако возраста за гласање се врати на 21 година? Или што е со разликите во стапката на морталитетот заснована чисто само на социоекономските услови? Подобро образуваните и побогатите луѓе живеат подолго. Што ако стапката на смртност помеѓу поконзервативните сиромашни јужњаци бели гласачи е иста со онаа кај полибералните (и побогатите) од Менхетен?
Но црните гласови се посебно интересни и важна област на фокусот, и заради долгата историја на обиди да се спречат или потиснат црните од гласање, и заради партиската хомогеност на афроамериканците. Изборното влијание не е единствената причина за загриженост заради расниот диспаритет во исходноста од здравјето, а уште помалку најдобрата, но маѓепсаниот круг на јавните политики кои се опишани тука го прават овој случај стапката на морталитет да заслужува повеќе внимание во разговорите во врска со расите и гласањето.
Атлантик – Вашингтон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст