Движењето БЕСА нема да учестува на протестот во недела бидејќи му се лути на Зоран Заев и СДСМ затоа што не објавиле ништо за ДУИ. Тие ова го соопштија вечерва преку соопштение.
Од БЕСА велат дека дури и по 30 и повеќе објавени прислушувања речиси ништо не излезе за делата на Демократската Унија за Интеграција.
-Ова не тера да се сомневаме дека целта на СДСМ не е спасот на Македонија и изградба на една слободна, демократска и фер држава , но само промена на сопственикот на државата. Ние со жалост констатираме дека и по толку години и по толку многу изјави , СДСМ ни малку не го смени односот со Албанците, велат од БЕСА.
Затоа сега, кога е направен национален повик за протести, иако Движењето БЕСА е за измена на оваа власт, Централниот Совет на Движењето БЕСА им се обраќа на нејзиното членство , но исто така и на целото албанско население во Македонија , со следниов став:
–Движењето БЕСА нема да учествува во протестите на 17 мај! Г. Заев досека ништо не изјансил што ќе промени за албанскиот народ во Македонија. Ние сакаме да знаеме каков е неговиот пристап за редефинирање на Македонија како заедничка држава на албанско-македонски консензус Имајќи го предвид ова, Движењето БЕСА ќе го задржи правото со достоинство да ги претставува албанските интереси во Македонија и нема да дозволи да во ниеден момент Албанците да станат алатки на нејасни агенди. Во меѓувреме, за понатамошните чекори на организација на Движењето БЕСА и за другите предлози за организирање на албанскиот народ, ќе бидете известени во текот на наредните денови, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


