| четврток, 6 декември 2018 |

Студентите со поддршка на собирот за силна Македонија

митинг понеделникСтудентите организирани во Младинскиот европски едукативен центар даваат поддршка на големиот собир на граѓани што ќе се одржи на 18-ти мај во Скопје.

Младинскиот европски едукативен центар се приклучува кон граѓанскиот собир, чија цел е изразување на поддршка за силна Македонија, изградба на држава со перспектива за младиот човек и држава во која се дава подденаква шанса за способните, напредните и оние кои сакаат да партиципираат во процесите.

Студентите организирани во Младинскиот европски едукативен центар се спротивставуваат на агендите чија цел е разорување на граѓанскиот концепт и политичко жртвување на младите инструментализирајќи ги за насилно рушење на демократските институции.

Република Македонија е наша заедничка држава и како организација со мултетнички карактер во целост го поддржуваме овој граѓански собир кој има за цел да покаже дека сите заедно сме под знамето на нашата заедничка држава – Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top