Министерот за надворешни работи Никола Попоски на лидерската средба го замолил Зоран Заев, во понеделник од пред Влада да се тргнат шаторите, додека трае собирот на граѓани. Лидерот на СДСМ го одбил тоа, пренесе премиерот Груевски во гостувањето на весите на Сител.
-За тоа ние ќе направиме промена на локацијата, а по тоа се гледа дека човекот сака судир и да дојде до проблеми, па кога ќе се судрат граѓани тој да се извлече. Но тоа нема да му го дозволиме- истакна Груевски кој порача дека за новата локација на време ќе биде известена јавноста.
-Но ќе покажеме со целиот народ дека оваа држава има народ со крената кичма и нема да дозволи некој од надвор со некој инструмент, некој полтрон да ја руши власта и да спроведува туѓи сценарија, додаде Груевски.
Премиерот истакна дека собирот на 18 мај ќе биде мирен и ненасилен.
-Јас надевам дека тоа ќе биде и со протестот во недела кој го организира СДСМ, кој се крие зад разни здруженија, а со тоа создава сомнеж дека планирале нешто и поради тоа не застанеле на чело. Зошто тие не се на чело, зошто се кријат зад СОРОС и здруженија- запраша Груевски.
Премиерот истакна дека на оние кои ќе бидат насилни соодветно ќе им се одговори и ќе одговараат согласно законите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата