| четврток, 6 декември 2018 |

Американски предлог во Детроит да се населат сириски бегалци

detroitСАД треба да прифатат 50.000 сириски мигранти и да ги населат во градот Детроит во државата Мичиген за да оживее повторно тој град, предлагаат американски интелектуалци во заедничка статија објавена во Њујорк тајмс.

Сириските бегалци се идеална заедница за да се постигне таа цел. Американците од арапско потекло веќе имаат динамично присуство во Детроит, наведува Дејвид Лејтин професор по политички науки во Стенфорд и Марк Џар поранешен претседател на корпорација.

Тие наведуваат дека Детроит кој едно време беше голем град, сега е пуст град. Во летото 2013 година градот прогласи банкрот, но оваа година тоа е веќе надминато.

Бројот на жители од 1,9 милиони во 1950 година сега е околу 700.000. Во градот има над 70.000 напуштени згради. Од друга страна бројот на бегалци од војната во Сирија е речиси 1,8 милиони – во Турција, и 600 илјади во Јордан.

– Да си претставиме дека тие две хуманитарни и социјални катастрофи би се обединиле за да се направи нешто добро, наведуваат иницијаторите на идејата во Њујорк тајмс.

Двајцата интелектуалци велат дека претседателот на САД треба да го зголеми годишниот праг за прифаќање бегалци на 50.000 луѓе и за та цел да се обезбедат 1,5 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top