| четврток, 6 декември 2018 |

За Лавров инцидентот во Куманово е со терористички предзнак

dacic_lavrov

За Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија, инцидентот во Куманово има терористички предзнак.

– Ние сме крајно загрижени заради последните настани во Македонија а ситуацијата на Косово исто така не инспирира оптимизам – рече Лавров по денешните разговори во Белград, со својот српски колега, Ивица Дачиќ.

Инцидентот во Куманово има јасен терористички контекст, изјави Лавров, упатувајќи остри критики и кон ЕУ заради начинот на кој реагира и се справува со кризата во нашата држава.

Европската унија преку своето присуство на Балканот не треба да зазема кукавичка позиција и да се прави дека ништо не гледа додека истовремено се обидува да ги претстави работите како да станува збор само за изолиран инцидент, зад кој не стои организација и јас сум убеден дека Брисел многу добро знае што се случува, изјави Лавров.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top