| четврток, 6 декември 2018 |

Владимир Путин распнат во Рига

putin

Статуа на рускиот претседател Владимир Путин на која тој е распнат се појави во главниот град на Летонија, Рига, на уметничката изложба посветена на 20. век.

Уметникот, кој сакаше да остане анонимен, го распна рускиот претседател на црвен крст со помош на шајки забодени во рацете и нозете, а имаше и венец од бодликава жица на глава.

Големиот крст на кој е распнат Путин се наоѓа во близина на зградата која во време на СССД била седиште на КГБ во Летонија.

На посетителите им е дозволено да закачуваат шајки во статуата Путин, но многумина тоа не сакаат да го сторат, пишува „Раша тудеј“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top