| четврток, 6 декември 2018 |

Втор скопски цветен фестивал

Утре и задутре, на 16 и 17 мај во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи вториот скопки цветен фестивал. Фестивалот во 12 часот свечено ќе го отвори градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски. Фестивалот е од 10 до 19 часот во вториот дел од Градскиот парк, на просторот наспроти „Паркот за миленици“.

-Просторот на кој ќе се одржува фестивалот ќе биде поделен на три зони. Првата зона ќе биде намената за креативни работилници, анимации, креации, иновации и идеи. Вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ ќе учествуваат на креативните работилници и на сите заинтересирани учесници ќе пренесуваат искуства за правилно садење и одгледување цвеќиња. Учесниците во работилниците ќе можат да научат и  како да изработат цветно оригами, венчиња за девојчиња, како да направат цветен  аранжман, информираат од Град Скопје.

Во втората Зона за промоција, познати цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување ќе изведуваат мини градини. Во оваа зона своите вештини ќе ги покажуваат стручни лица од ЈП „Паркови и зеленило“, Шумарскиот факултет, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, Грин планет, Хортиексперт, Хорти дизајн, Маган мак, Евгени, Китка планет фарм,Гарден центар Рушити од Тетово,  Биро проект, Гео Инг, Флораком, Сардонекс, Дамбо цвеќе и подароци, купи момент, Градина цвет од Струмица и  СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица.

Во овој дел граѓаните ќе можат и да купат цвеќе по намалени цени и тоа: цветен расад за сезонски цвеќе од 25 до 150 денари; саксиски култури  од 90 денари; саксиско цвеќе од 150 денари; зачински билки од 25 денари; украсни треви од 50 до 60 денари; висечки саксии од 150 до 300 денари; како и промотивни цени на орхидеи од 550 денари.

Во третата зона која ќе биде наменета за забава и еко-пикник, граѓаните ќе имаат можност да погледнат цветни перформанси, да вежбаат аеробик, зумба со своите деца и да слушаат музика во прекрасниот цветен амбиент.

На Цветниот фестивал се промовира одгледувањето цвеќе во затворен и на отворен простор, а граѓаните, особено најмладите, ќе имаат можност да се вклучат во креативните работилници, да ја покажат својата креативност и да научат корисни совети како да одгледуваат цвеќиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top