| четврток, 6 декември 2018 |

Растроен маж во Неапол пукал од балкон, убил четворица и ранил петмина

italija

Возрасен маж убил четворица и ранил уште петмина пукајќи од својот балкон на периферијата на Неапол, по што им се предал на полицајците, соопшти италијанската полиција.

– Има четири жртви, меѓу кои и челникот на градската полиција кој му бил сосед на напаѓачот и прв интервенирал. Ранети се двајца припадници на националната полиција, карабинер и припадник на градската полиција, како и цивил. Мажот се предаде и пренесен во полициската управа –  соопшти портпаролот на италијанската полиција.

Италијанските медиуми пишуваат дека мажот идентификуван како 48-годишниот Џулио Муроло, кој досега не бил казнуван, со пушка се забарикадирал во станот по кавгата со својата сопруга, заканувајќи се дека ќе предизвика експлозија на боци со гас.

Поради оваа трагедија е откажана церемонијата на отворањето на станица на подземната железница во Неапол на којашто требало да присуствува и италијанскиот премиер Матео Ренци. Неаполскиот градоначалник Луиџи де Магистрис, прогласи денови на жалост до денот на погребите на жртвите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top