Сиот медицински персонал од болницата „8-ми Септември“ се откажува од понудената награда за ангажманот викендов во корист за ранететите и семејствата на загинатите полицајци, објави порталот „Здравство24“.
Ваква одлука едногласно била донесена на вчерашниот редовен утрински колегиум на лекарите во болницата. За време на акцијата во оваа здравствена установа беа примени 11 повредени припадници на безбедносните сили. Шестмина поради сериозноста на повредите биле оперирани.
Во болницата се лекуваат уште пет полицајци.
– Нивната здравствена состојба е стабилна и полека се опоравуваат. Се надеваме дека во понеделник и тие ќе бидат пуштени на домашно лекување – велат за „Здравство 24“ од ГОБ „8 септември“.
Според информациите од болницата, во саботата многу лекари, сестри, техничари, анестезиолози самоиницијативно и доброволно без да бидат повикани дошле на работа за да помогнат во третманот и лекувањето на ранетите и повредените полицајци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пијани полицајци ѝ дозволиле на својата малолетна другарка да вози „марица“ (видео)
-
Нова сообраќајка на местото каде загинаа двајцата косовски полицајци
-
Охрид СОС обвинува: Некадарни полицајци депортирале научник со меѓународно реноме, бремена во петиот месец
-
Дваесет и двегодишен велешанец им се заканувал на доктори и нападнал полицајци