| четврток, 6 декември 2018 |

Шегобиецот Батко Ѓорѓија е синоним за Куманово

Во му­зич­ка­та ли­те­ра­ту­ра мо­же да се срет­не пес­на­та „Умре­ја Ба­тко Ѓор­ѓи­ја“, но и неј­зи­ни обра­бо­тки од поз­на­ти­те ма­ке­дон­ски ком­по­зи­то­ри Вла­сто Ни­ко­лов­ски и Трај­ко Про­ко­пи­ев

На свет­ски­от ден на кни­га­та, 23 април, Град­ска­та биб­ли­о­те­ка во Ку­ма­но­во „Та­не Ге­ор­ги­ев­ски“ ор­га­ни­зи­ра­ше са­ем на кни­га­та под мо­то­то „Ка­жи ’да‘ на кни­га­та“. Во рам­ки­те на са­е­мот се одр­жаа про­мо­ции на но­ви кни­ги, сред­би со авто­ри­те итн. Тоа бе­ше по­вод да го по­се­ти­ме Ку­ма­но­во, град што се на­о­ѓа на се­ве­ро­и­сточ­ни­от дел на Ма­ке­до­ни­ја, рас­про­стра­нет од две­те стра­ни на ре­ки­те Лип­ко­вка и Ку­ма­но­вка.

Ле­ген­да­та ве­ли де­ка име­то на на­сел­ба­та по­тек­ну­ва од име­то на во­инс­тве­но­то пле­ме Ку­ма­ни, кои во 1094 го­ди­на нав­лег­ле во овој крај и из­вес­но вре­ме се за­др­жа­ле на те­ри­то­ри­ја­та на де­неш­на­та ку­ма­нов­ска оп­шти­на.

kumanovo-3

Ку­ма­но­во е град на ше­го­би­е­цот Ба­тко Ѓор­ѓи­ја, ов­де е ро­ден и пи­са­те­лот Вен­ко Ан­до­нов­ски, Ку­ма­но­во е град на џез-фе­сти­вал, на Де­но­ви­те на ко­ме­ди­ја, на там­бу­ра­шки фе­сти­вал, из­лож­би… град со дол­га кул­тур­на тра­ди­ци­ја.

– Тра­ди­ци­о­нал­но го од­бе­ле­жу­ва­ме Свет­ски­от ден на кни­га­та со по­да­ро­ци  за на­ши­те чи­та­те­ли. За­до­вол­ни сме од по­се­те­но­ста во те­кот на це­ла­та го­ди­на, а исто­вре­ме­но мо­же да наг­ла­си­ме де­ка има­ме со­ли­ден кни­жен фонд. Де­не­ска, на 23 април – Свет­ски­от ден на кни­га­та и на автор­ско­то пра­во дра­го ми е што ве гле­дам во ол­ку го­лем број и јас не се гри­жам за кни­га­та. Иа­ко ве­лат де­ка има игри, ин­тер­нет, кни­га­та е не­за­мен­ли­ва и овој на­стан го по­твр­ду­ва тоа – ве­ли На­да Ива­нов­ска, ди­ре­ктор­ка­та на биб­ли­о­те­ка­та.

kumanovo-2

Се­пак, си­но­ним за гра­дот оста­ну­ва ли­кот на Ба­тко Ѓор­ѓи­ја. Од биб­ли­о­те­ка­та се упа­ту­ва­ме кон цен­та­рот на гра­дот, а пред нас се из­ви­шу­ва спо­ме­ни­кот со кој ку­ма­нов­ци му се од­дол­жи­ле на овој нив­ни на­да­ле­ку поз­нат со­гра­ѓа­нин. Му по­диг­на­ле спо­ме­ник во цен­та­рот на гра­дот на са­ми­от пло­штад. Во раз­го­вор со ло­кал­ни­те жи­те­ли слуш­нав­ме раз­лич­ни при­каз­ни за жи­во­тот и за лич­но­ста на овој поз­нат ку­ма­но­вец. За тие што прв­пат до­а­ѓа­ат во гра­дот ин­те­рес­но е да­ли ли­кот на Ба­тко Ѓор­ѓи­ја про­из­ле­гол од на­ро­дот, од рас­ка­жу­ва­ње на при­каз­на­та за не­го од ко­ле­но на ко­ле­но или, пак, е лич­ност што ја соз­дал не­кој во одре­де­но ме­сто и вре­ме. При­пад­ни­ци­те на му­зич­ко­то и на ет­но­тво­реш­тво­то твр­дат де­ка во пер­и­о­дот пред Вто­ра­та свет­ска вој­на на овие про­сто­ри би­ла поз­на­та пес­на­та чиј­што ју­нак бил Ба­тко Ѓор­ѓи­ја. Во му­зич­ка­та ли­те­ра­ту­ра мо­же да се срет­не пес­на­та „Умре­ја Ба­тко Ѓор­ѓи­ја“, но и неј­зи­ни обра­бо­тки од поз­на­ти­те ма­ке­дон­ски ком­по­зи­то­ри Вла­сто Ни­ко­лов­ски и Трај­ко Про­ко­пи­ев.

– Во мо­е­то се­мејс­тво бе­ше и чич­ко Ѓор­ѓи, сред­ни­от брат на та­тко ми, на ко­го тр­го­ви­ја­та му бе­ше жи­вот­на ег­зи­стен­ци­ја, но бе­ше бо­ем. Сво­ја­та на­да­ре­ност за му­зи­ка, по­е­зи­ја, пес­на ја истак­ну­ва­ше на­се­ка­де. Сви­ре­ше та­ка­на­ре­че­на фис­хар­мо­ни­ка (кла­ви­ја­ту­рен ин­стру­мент кој се по­ста­ву­ва на стол, со дес­на­та ра­ка се по­кре­ну­ва воз­душ­ни­от мев, а ле­ва­та ра­ка слу­жи за до­би­ва­ње то­но­ви). Ко­га тој ќе сед­не­ше да сви­ри, исто­вре­ме­но и пе­е­ше. Уште ка­ко де­те се­ко­гаш бев со не­го слу­шај­ќи го ка­ко пее и сви­ри, ду­ри и то­гаш ко­га ја вр­зу­ва­ше вра­то­вр­ска­та а ла фран­га… – се се­ќа­ва Трај­ко Про­ко­пи­ев во сво­ја­та би­о­граф­ска кни­га.

kumanovo-5

Скулп­ту­ра­та на Ба­тко, из­ле­а­на во брон­за, ви­со­ка 1,8 ме­тар, е де­ло на поз­на­ти­от ку­ма­нов­ски ака­дем­ски скулп­тор Ру­се Ан­до­нов­ски.

– Ба­тко Ѓор­ѓи­ја има по­себ­но, култ­но ме­сто во мо­јот до­се­га­шен тво­реч­ки опус и де­нот ко­га не­го­ва­та фи­гу­ра се ис­пра­ви на по­ста­мен­тот во цен­та­рот на град­ски­от пло­штад го за­пи­шав ка­ко мо­мент ко­га ми се ос­тва­рил го­лем сон – ве­ли Ан­до­нов­ски.

Не­кои го спо­ре­ду­ва­ат Ба­тко Ѓор­ѓи­ја со слав­ни­от ма­ри­ов­ски итрец Итар Пе­јо, со таа раз­ли­ка што Итар Пе­јо ја сим­бо­ли­зи­ра на­род­на­та му­дрост и итро­шти­на, а Ба­тко Ѓор­ѓи­ја бо­ем­шти­на­та. Опе­ан е од на­ро­дот ка­ко го­лем вљу­бе­ник во сѐ што е ту­ѓо, а уба­во, од уба­ва не­ве­ста, па до уба­ви во­ло­ви.

kumanovo-4

По­сто­јат по­ве­ќе вер­зии за овој лик. Спо­ред ед­на­та, по­пу­лар­ни­от Ба­тко е автен­тич­на лич­ност, ро­ден во ку­ма­нов­ско­то се­ло Мла­до На­го­ри­ча­не во 1815 го­ди­на, а по­чи­нал на 65-го­диш­на во­зраст. По­тек­ну­ва од ре­ла­тив­но бо­га­то сел­ско зем­јо­дел­ско се­мејс­тво. Бил го­лем ве­сел­ник и во­дел раз­уз­дан жи­вот со па­ри­те на та­тко му, а со сво­јот ве­дар дух и смис­ла за мај­тап ги раз­ве­се­лу­вал се­ла­ни­те на свад­би и на дру­ги ве­сел­би.

Се про­чул ка­ко го­лем љу­бов­џи­ја по­са­ку­ван од де­вој­ки и од мла­ди не­ве­сти по то­гаш­ни­те ку­ма­нов­ски се­ла. На­вод­но, та­тко му го оже­нил про­тив не­го­ва вол­ја и тоа со мо­ма де­сет го­ди­ни по­ста­ра од не­го. Во тој брак без љу­бов Ѓор­ѓи­ја не­мал де­ца, а бил млад и убав, па про­дол­жил да жи­вее ле­сен жи­вот, од пес­на до пес­на, од оро до оро, по се­ла­та. По­ра­ди тоа што  мно­гу са­кал ра­ки­ја и уба­ви, ту­ѓи же­ни, отка­ко за­ми­нал на оној свет, на­ро­дот го опе­ал ка­ко чо­век што „Не е умре­ја од бо­лест, ти­ки умре­ја од лу­дост“.

kumanovo-6

На дру­ги­от крај од пло­шта­дот, зад гр­бот на „Ба­тко Ѓор­ѓи­ја“, нај­а­вен е спо­ме­ник на „Че­ти­ри бан­де­ре“. Ова е по­ра­ди тоа што на пра­ша­ње­то од ка­де е, ку­ма­но­ве­цот од­го­ва­рал: „Отку­де Тум­бу сас че­ти­ри бан­де­ре“!

Во чест на Ба­тко Ѓор­ѓи­ја во Ку­ма­но­во се одр­жу­ва ма­скен­бал што го но­си не­го­во­то име, а во кој учес­тву­ва­ат ор­га­ни­зи­ра­ни ма­ски на уче­ни­ци­те од ос­нов­ни­те и од сред­ни­те учи­ли­шта.

– Има­ме го­сти од Стру­мич­ки­от кар­не­вал, кои од­лич­но со­ра­бо­ту­ва­ат со ку­ма­нов­ски­те сред­ни учи­ли­шта. Учи­ли­шта­та се­ко­ја го­ди­на се сѐ по­ин­вен­тив­ни во од­нос на иде­и­те и кре­а­ци­и­те – ве­ли ра­ко­во­ди­те­лот на се­кто­рот за кул­ту­ра Жи­ка Кр­стев­ски.

Пуб­ли­ка­та се­ко­ја го­ди­на ужи­ва во ша­ре­ни­ло од ма­ски, прин­це­зи од си­те бај­ки, су­пер­хе­рои, оџа­ча­ри, хи­пи­ци, клов­но­ви, цвет­чи­ња, спор­ти­сти, бон­бо­ни.

 

Пишува: Невена Поповска
(Текст објавен во 140. број на неделникот „Република“, 8.05.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top