| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Кинењето македонското знаме е срамен чин на газење на сопствената историја

знаме

Многу херои и патриоти својот живот го положиле во одбрана на македонското знаме и секој обид да се претстави како невина жртва лицето кое го симнува и кине знамето пред Владата на Република Македонија е срамен чин на газење на сопствената гордост и историја, се вели во денешното соопштение од МВР.

Според полицијата, подеднакво срамен чин е и обидот вандалите кои со бекатон плочи и шипки повредија 38 полициски службеници да бидат претставени како студенти кои мирно демонстрирале. – Уште посериозна е опасноста барањата за нивна амнестија да се сфатат како дополнителен поттик или мотив за нови неказнети насилства на претстојните протести – се наведува во соопштението.

Заради елиминирање на сите изречени невистини, како што се додава во соопштението, јавноста може и сама да се увери во кривичните дејствија на 18-те идентификувани против кои досега е процесуирана кривична пријава за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top