| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на адвокатскиот тим е глупост од вселенски размери

vmro

Адвокатите на Зоран Заев може да бидат згрозени колку што сакаат поради тоа што се платени од Зоран Заев да бидат и згрозени и на негова услуга. Добиваат пари за тоа. Тие се платени да го бранат дури и кога човекот е фатен жив со видеодоказ дека бара мито и кога цела јавност е уверена во криминалот на нивниот клиент Зоран Заев – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на адвокатскиот тим на Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека во изјавата на адвокатскиот тим има глупост од вселенски размери, која би била непромислена и непрописна дури и за студент на правен факултет во почетна година, а не за адвокати.

-Тие тврдат дека снимката е од ПИМ-мерки, со што и даваат кредибилитет, а во исто време тврдат дека бизнисменот сакал да скрие дека давал донација за црква. Ако имало ПИМ-мерки, за што треба да се произнесат надлежните државни органи, тогаш судската власт знаела и постапила во согласност со закон бидејќи таа е единствено надлежна да изрече вакви мерки. Освен Зоран Заев, очигледно, никој друг немал намера да го скрие ова дрско барање мито. Сега затечен и фатен жив, очигледно измислува приказни како да се спаси од постапките што мора да следуваат. Обидот на адвокатите на Зоран Заев да го бранат пред јавноста е доказ колку и на ним им е јасна кашата во која е заглавен нивниот клиент, аболициран и сега повторно осомничен за корупциски криминал и барање мито. Ова е првпат македонската јавност да види на видео какао политичар бара мито. Видеото е јасно, граѓаните тоа го видоа и никој веќе не се двоуми. Дополнително, во видеото се споменуваат уште неколку случаи за кои самиот Зоран Заев вели дека биле завршени на истиот начин, по истиот терк. Ова е доволна информација по која надлежните истражни и судски органи имаат основа да постапат и еден по еден да ги испитаат. ВМРО-ДПМНЕ и македонската јавност го бара тоа- велат тие.

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара Зоран Заев да поднесе оставка и од позицијата градоначалник на општина Струмица, и од позицијата претседател на СДСМ, за, како што велат да не може да влијае на постапката против него, да заплашува сведоци, да се заканува на обвинители и судии и да прикрива докази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top