Новото вечно дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички, 128. по ред вечерва ќе биде во еден поинаков амбиент во хуманитарен дух, со цел да се помогне на малиот Максим Стојановски. Дете кое е родено пред три години и има проблеми со видот.
Со цел да се помогне целиот приход од продажбата на влезниците ќе биде наменет за помош на Максим, а билет чини 100 денари и може да се купи на билетарата пред СЦ „Јане Сандански“.
Мечот почнува од 19 часот денеска. Двете екипи веќе го имаат обезбедено настапот во плејофот и во битката за титулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



