| четврток, 6 декември 2018 |

Хераклеја Линкестис ги отвори мозаиците за посетителите

Стручни екипи на НУ Завод и Музеј-Битола завршија со пролетното отворање на мозаиците во античкиот локалитет Хереклеја Линкестис со што туристите и другите гости повторно ќе можат да ги набљудуваат мајстрорствата и реткостите во овој локалитет. Заштитата на мозаиците со песочно покривање се врши во зима поради ниската температура и снегот, а пролетното откривање завршува во овој дел на годината кога тие стануваат достапни за јавноста, потврди Љиљана Христова, директорката на НУ Завод и Музеј-Битола.

– Сите домашни и гости од странство што ќе го посетат античкиот локалитет Хераклеја, непречено може да ги видат трите големи мозаици, односно нартексот Голема базилика, нартекс и наос на Мала базилика и крстилницата. Заштитата или прекиривката со песок е стандардна процедура за да мозаиците не се оштетат во текот на зимата и високата снежна покривка, а сега отворени, мозаиците ќе бидат достапни на јавноста до доцна наесен – посочи Христова.

НУ Завод и Музеј-Битола деновиве се подготвува за повеќе настани и манифестации од негова надлежност, како и за најновото издание на графичкото триенале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top