Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, им честита на граѓаните за храброста и за одважноста да излезат и да го остварат своето право за глас на локалните избори.
– Денеска ги имавме најдобро организираните и чисти избори досега, со што покажавме дека на Македонија местото ѝ е во ЕУ. Последните вести од оперативниот штаб на МВР велат дека изборните места во најголем број се затворени без инциденти, а изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера, а не е регистриран ниту еден посериозен инцидент – нагласи Јанкулоска.
Во помалку од едн процент имало помали инциденти, а на 20 гласачки места имало помали прекини до еден час од технички причини.
До МВР, како што информираше Јанкулоска, биле доставени неколку поплаки, за што МВР постапило веднаш.
Јанкулоска информираше дека се поднесени три кривични и две прекршочни пријави, што е уште еден доказ дека локалните избори поминале во мирна атмосфера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Инциденти во Солун, откажан говорот на министерот за образование на Грција
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)