| четврток, 6 декември 2018 |

Коѕијас со Могерини и Митов разговарал за Македонија

могерини

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, вчера разговарале за Македонија, при што изразиле загриженост за последните настани во нашата земја.

Ова го соопшти грчкото МНР, додавајќи дека двајцата дипломати разговарале и за ситуацијата во Украина и за претстојните состаноци на Советот за надворешни работи и европскиот совет, на кој ќе се дискутира за прашања од заедничката безбедносна и одбранбена политика.

– Министерот за надворешни работи Коѕијас и Могерини разговараа за зголемувањето на тензиите во поранешна југословенска Република Македонија, кои доведоа до воскреснување на барањата на ПЈРМ за пристапување кон ЕУ и НАТО и покрај актуелниот спор со Грција во врска со официјалното име на оваа балканска земја – пишува „Катимерини“.

Според весникот, Коѕијас и на средбата со бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов разговарал за ситуацијата во Македонија, додека фокусот во дискусијата бил ставен на изгледите за соработка меѓу Грција и Бугарија, главно во енергетскиот сектор.

Средбите се одржани на маргините на министерски состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО во Анталија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top