| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски лекари ќе специјализираат во Хамбург

Македонските лекари ќе се дообучувааат во Универзитетскиот медицински центар во Хамбург-Епендорф, Германија, за струки и специјалности што се дефицитарни во земјава, соопшти Министерството за здравство.

Меморандум со таков договор за соработка бил потпишан по разговорите што ги имал министерот Никола Тодоров по средбата со менаџментот на Универзитетски медицински центар во Хамбург-Епендорф, со кој се предвидува обука на лекари за струки и специјалности што ги нема во Македонија.

Министерот Тодоров, кој е во неколкудневна работна посета на Германија ќе има средби со менаџерските тимови на реномирани здравствени институции. Целта на разговорите, како што информира Министерството, е да се обезбеди обука за лекарите, добра медицинска пракса, посета на германски стручњаци, пред се’, за интервениции што не се вршат во Македонија.

Универзитетскиот медицинси центар во Хамбург-Епендорф
годишно амбулантски се лекуваат 260 илјади луѓе, се хоспитализираат околу 80 илјади, а на повеќе од 113 илјади им се укажува медицинска помош во ургентните центри

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top