| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Бабаљ-Бансколиева: Не­ма при­чи­ни па­ци­ен­ти­те на ди­ја­ли­за да не во­дат нор­ма­лен жи­вот

Бу­бре­зи­те има­ат за­да­ча да ги ели­ми­ни­ра­ат си­те то­кси­ни од на­ше­то те­ло, сѐ до­де­ка има­ме аде­кват­но вне­су­ва­ње теч­но­сти. Пре­по­ра­ки­те за поз­дра­ви бу­бре­зи се да се пие мно­гу во­да, нај­мал­ку до два ли­тра днев­но. Тоа го спре­чу­ва соз­да­ва­ње­то кам­чи­ња и ури­нар­ни ин­фек­ции, ве­ли д-р Ба­баљ-Бан­ско­ли­е­ва

Спо­ред по­да­то­ци­те од Фон­дот за здрав­стве­но оси­гу­ру­ва­ње на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, во мо­мен­тов има ре­ги­стри­ра­но 1.340 па­ци­ен­ти на хро­нич­на за­ме­сти­тел­на те­ра­пи­ја -хе­мо­ди­ја­ли­за. До­ктор Еле­на Ба­баљ-Бан­ско­ли­е­ва, спе­ци­ја­лист по ин­тер­на ме­ди­ци­на во спе­ци­јал­на­та бол­ни­ца за ди­ја­ли­за и не­фро­ло­ги­ја „Ди­а­мед“ од Скоп­је, ве­ли де­ка не­ма при­чи­ни па­ци­ент што оди на ди­ја­ли­за да не во­ди со­ци­ја­лен и кул­ту­рен жи­вот, и це­лос­но да се ин­те­гри­ра во оп­штес­тво­то. Единс­твен ак­цент тре­ба да се ста­ви на на­чи­нот на ис­хра­на, на­ма­ле­но­то вне­су­ва­ње теч­но­сти, сол и про­ду­кти што во се­бе со­др­жат ка­ли­ум и фо­сфор, а во ис­хра­на­та да се има из­ба­лан­си­ра­но вне­су­ва­ње про­те­и­ни, ка­ло­рии, ви­та­ми­ни и ми­не­ра­ли.

 

 

Спо­ред ста­ти­сти­ка­та, 14 про­цен­ти од Ма­ке­дон­ци­те има­ат не­ка­кво оште­ту­ва­ње на бу­бре­зи­те. Да­ли е тоа ви­сок про­цент?

Бабаљ-Бансколиева: Спо­ред ста­ти­сти­ка­та, во Ма­ке­до­ни­ја 14 про­цен­ти од по­пу­ла­ци­ја­та се со­о­чу­ва со не­ка­кво бу­бреж­но оште­ту­ва­ње од нај­раз­ли­чен сте­пен, што ука­жу­ва на про­цент кој не тре­ба да се за­не­ма­ри. Бу­бреж­ни­те бо­ле­сти нај­че­сто се од хро­ни­чен и про­гре­си­вен ка­ра­ктер. За­ста­пе­но­ста на од­дел­ни бу­бреж­ни бо­ле­сти мо­же да ва­ри­ра од ре­ги­он до ре­ги­он во све­тот. Нај­че­сти при­чи­ни се ди­ја­бе­тес (21 про­цент), хи­пер­тен­зи­ја (33,6 про­цен­ти), гло­ме­ру­ло­не­фри­ти (21,6 про­цен­ти), си­стем­ски бо­ле­сти (8,6 про­цен­ти), си­те има­ат свој им­пакт и мо­жат да до­ве­дат до тер­ми­нал­на бу­бреж­на ин­су­фи­ци­ен­ци­ја. Од тоа што сме го сле­де­ле во пос­лед­ни­те пет го­ди­ни во „Ди­а­мед“, мо­же да се зак­лу­чи де­ка по­го­лем број од па­ци­ен­ти­те (63,2 про­цен­ти) се на во­зраст над 65 го­ди­ни, а зна­чи­тел­но е по­мал бро­јот на па­ци­ен­ти пом­ла­ди од 65 го­ди­ни (36,8). Ста­ти­сти­ка­та по­ка­жу­ва де­ка ма­жи­те по­че­сто се на­ши па­ци­ен­ти (58,1 про­цен­ти) откол­ку же­ни­те (41,9 про­цен­ти) ко­га се од­не­су­ва на сред­на во­зраст од 60 го­ди­ни.

 

Да­ли ге­не­ти­ка­та, ви­со­ка­та те­лес­на те­жи­на, во­зра­ста се фа­кто­ри на ри­зик кои тре­ба да нѐ на­те­ра­ат да ја про­ве­ри­ме функ­ци­ја­та на бу­бре­зи­те?

Бабаљ-Бансколиева: Ге­нет­ска­та пре­дис­по­зи­ци­ја, одре­де­ни бо­ле­сти и на­чи­нот на жи­ве­е­ње се фа­кто­ри на ри­зик кај одре­де­на по­пу­ла­ци­ја, со што е по­треб­на ре­дов­на кон­тро­ла на функ­ци­ја­та на бу­бре­зи­те. Ви­со­ка­та ри­зич­на гру­па оп­фа­ќа па­ци­ен­ти со ко­мор­бид­ни бо­ле­сти ди­ја­бе­тес (30,8 от­сто), хи­пер­тен­зи­ја (40,2 от­сто) и фа­ми­ли­јар­на исто­ри­ја за бу­бреж­на сла­бост. Ра­на­та де­тек­ци­ја и трет­ма­нот мо­же да ја спре­чат про­гре­си­ја­та на бо­ле­ста. Гла­вен ин­ди­ка­тор е гло­ме­ру­лар­на­та фил­тра­ци­ска ра­та (ГФР) – за про­це­на на бу­бреж­на­та функ­ци­ја. На­од на пер­зи­стент­на про­те­и­ну­ри­ја (про­те­ин во ури­на­та) зна­чи при­сут­на хро­нич­на бу­бреж­на сла­бост.

Ед­но­став­ни те­сто­ви за ра­но откри­ва­ње се: ме­ре­ње кр­вен при­ти­сок, на­од на про­те­и­ни во ури­на­та, по­ка­че­но ни­во на уреа и кре­а­ти­нин. Нив­но на­вре­ме­но де­те­кти­ра­ње мо­же да до­ве­де до стаг­на­ци­ја на ста­ди­у­мот на бу­бреж­на сла­бост.

dr-Babalj-Banskolieva-int140-3

 

Кој е нај­до­бри­от лек за здра­ви бу­бре­зи?

Бабаљ-Бансколиева: Бу­бре­зи­те има­ат за­да­ча да ги ели­ми­ни­ра­ат си­те то­кси­ни од на­ше­то те­ло сѐ до­де­ка има­ме аде­кват­но вне­су­ва­ње теч­но­сти. Пре­по­ра­ки­те за поз­дра­ви бу­бре­зи се да се пие мно­гу во­да, нај­мал­ку до 2 ли­тра днев­но. Тоа го спре­чу­ва соз­да­ва­ње­то кам­чи­ња и ури­нар­ни ин­фек­ции. Но, до­кол­ку кај па­ци­ен­тот е ве­ќе утвр­ден ста­ди­ум спо­ред ГФР, по­треб­но е кон­тро­ла и одр­жу­ва­ње на крв­ни­от при­ти­сок со из­бег­ну­ва­ње сол во ис­хра­на­та, кон­тро­ла на те­лес­на­та те­жи­на, ре­дов­но зе­ма­ње на те­ра­пи­ја­та пре­пи­ша­на од ле­кар, кон­тро­ла на ни­во­то на ше­ќер.

 

Кол­кав е про­цен­тот на бу­бреж­но­бол­ни­те што се ле­ку­ва­ат на ди­ја­ли­за?

Бабаљ-Бансколиева: Во мо­мен­тов, спо­ред по­да­то­ци­те од Фон­дот за здрав­стве­но оси­гу­ру­ва­ње на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, има ре­ги­стри­ра­но 1.340 па­ци­ен­ти на хро­нич­на за­ме­сти­тел­на те­ра­пи­ја-хе­мо­ди­ја­ли­за.

 

Што тре­ба да зна­ат па­ци­ен­ти­те пред да поч­нат да одат на ди­ја­ли­за?

Бабаљ-Бансколиева: Ди­ја­ли­за­та е по­стап­ка ко­ја овоз­мо­жу­ва кај па­ци­ен­ти­те на кои трај­но им е на­ру­ше­на функ­ци­ја­та на бу­бре­зи­те да им би­дат от­стра­не­ти уре­мич­ни­те то­кси­ни и ви­шо­кот теч­но­сти од кр­вта. До­кол­ку кр­вта се про­чи­сту­ва пре­ку про­пуст­ли­ва мем­бра­на-ди­ја­ли­зер над­вор од чо­веч­ко­то те­ло со по­мош на ма­ши­на, се на­ре­ку­ва хе­мо­ди­ја­ли­за, а до­кол­ку раз­ме­на­та на отро­ви е пре­ку пер­и­то­не­ал­на мем­бра­на во чо­веч­ко­то те­ло, то­гаш ста­ну­ва збор за пер­и­то­не­ал­на ди­ја­ли­за. Кр­вта се зе­ма од па­ци­ен­тот, по­ми­ну­ва пре­ку фил­тер, се про­чи­сту­ва и по­втор­но се вра­ќа на­зад кај па­ци­ен­тот. Па­ци­ен­тот тре­ба да се прис­по­со­би на по­се­бен рас­по­ред на по­се­ту­ва­ње во ди­ја­лиз­ни­от цен­тар три­па­ти не­дел­но во вре­ме­тра­е­ње од 4-5 ча­са во пр­ва, вто­ра или во ноќ­на сме­на.

По­треб­но е обез­бе­ду­ва­ње ва­ску­ла­рен при­стап, кој е не­оп­хо­ден за из­ве­ду­ва­ње на ди­ја­ли­за­та. Ар­те­ри­о­вен­ска фи­сту­ла е хи­рур­шки тра­ен при­стап за раз­ли­ка од цен­тра­лен вен­ски ка­те­тар, кој мо­же да би­де од при­вре­мен или тра­ен (ту­не­ли­зи­ран) ка­ра­ктер. За аде­кват­на и ефе­ктив­на ди­ја­ли­за од го­ле­ма важ­ност е функ­ци­о­ни­ра­ње­то на фи­сту­ла­та или ка­те­та­рот, ти­пот на ди­ја­ли­зе­рот. Мо­дер­на­та ди­ја­ли­за пре­фе­ри­ра ви­со­ко­про­то­чен ди­ја­ли­зер со би­о­ком­па­кти­бил­на мем­бра­на, би­кар­бо­нат­на ди­ја­ли­за и со­вре­ме­ни ма­ши­ни за ди­ја­ли­за.

Мно­гу од па­ци­ен­ти­те се со­о­чу­ва­ат со де­пре­си­ја ко­га поч­ну­ва­ат со ди­ја­ли­за, не­при­фа­ќа­ње на бо­ле­ста, про­ме­ни во ра­бот­ни­те сме­ни и во при­ват­ни­от жи­вот, што пов­ле­ку­ва отка­жу­ва­ње од одре­де­ни актив­но­сти и од­го­вор­но­сти. При­фа­ќа­ње­то на ре­ал­но­ста мо­же да би­де мно­гу те­шко за па­ци­ен­тот и за не­го­ва­та фа­ми­ли­ја.

Раз­го­вор со со­ци­ја­лен ра­бот­ник и со пси­хо­лог е од го­ле­ма по­мош осо­бе­но во пред­ди­ја­лиз­ни­от пер­и­од, ка­ко и во пр­ви­те ме­се­ци од поч­ну­ва­ње­то.

Пр­ва­та по­се­та во ди­ја­ли­зен цен­тар мо­же да ли­чи ка­ко комп­ли­ку­ван спој на ма­ши­ни и лу­ѓе. Но, ко­га па­ци­ен­тот ќе го за­поз­нае про­це­сот, ќе ста­не фа­ми­ли­ја­рен со проб­ле­ма­ти­ка­та и со опре­ма­та, ќе поч­не да се чув­ству­ва и по­при­јат­но.

По­треб­но е да се сме­ни и на­чи­нот на ис­хра­на. Тоа зна­чи кон­су­ми­ра­ње ни­ско­про­те­ин­ска хра­на, мал­ку сол, ре­дов­но зе­ма­ње на про­пи­ша­на­та те­ра­пи­ја во пред­ди­ја­лиз­ни­от пер­и­од.

dr-Babalj-Banskolieva-int140-2

Ка­ко да им се олес­ни жи­во­тот на па­ци­ен­ти­те што одат на ди­ја­ли­за?

Бабаљ-Бансколиева: Трет­ма­нот на па­ци­ен­ти­те во ди­ја­ли­зен цен­тар е осо­бе­но зна­ча­ен за на­чи­нот на кој тие ќе се бо­рат со бо­ле­ста над­вор од здрав­стве­ни­те уста­но­ви. Ако по­треб­на­та те­ра­пи­ја ја при­ма во при­јат­на ат­мо­сфе­ра, со чув­ство на до­вер­ба кон ме­ди­цин­ски­от пер­со­нал, со чув­ство на се­меј­на гри­жа кон се­бе, то­гаш се по­ткре­пу­ва не­го­ва­та мен­тал­на си­ла и вол­ја не­пре­че­но да функ­ци­о­ни­ра на при­ват­но и на про­фе­си­о­нал­но по­ле. Не­ма при­чи­ни па­ци­ен­тот да не во­ди со­ци­ја­лен и кул­ту­рен жи­вот, и це­лос­но да се ин­те­гри­ра во оп­штес­тво­то. Единс­твен ак­цент тре­ба да се ста­ви на на­чи­нот на ис­хра­на, на­ма­ле­но­то вне­су­ва­ње теч­но­сти, сол и про­ду­кти што со­др­жат ка­ли­ум и фо­сфор, а во ис­хра­на­та да се има из­ба­лан­си­ра­но вне­су­ва­ње про­те­и­ни, ка­ло­рии, ви­та­ми­ни и ми­не­ра­ли.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top