| четврток, 6 декември 2018 |

Блокирани улици и зголемено полициско присуство во Куманово

Three police officers injured in Kumanovo shooting
Дел од улиците во Куманово од ноќеска се блокирани за сообраќај. Забележливо е зголемено полициско присуство на улиците „11 Октомври“ и „Тодор Велков“ во центарот на Куманово.

Во овој дел од градот се лоцирани повеќе клучни објекти, државни и локални институции и установи.

Вработените во институциите лоцирани на улицита „11 Октомври“ потврдуваат дека се на своите работни места и оти работата тече непречено.

Портпатролот на МВР, Иво Котевски, за МИА информира дека се преземаат мерки за безбедност во Куманово.

Минатиот викенд во кумановската населба Диво Насеље полицијата спроведе акција за разбирање терористичка група. Во 28-часовната акција беа ликвидирани 14 терористи, 30 беа приведени и за нив е одреден 30-дневен притвор и е почната истражна постапка.

Во тек на акцијата загинаа 8 полицајци, а 37 беа повредени. Комисија составена од претставници на Владата и на Општина Куманово почна процена на штетите на домовите на населението кое беше евакуирано во акцијата. Владата најави стопроцентно покривање на штетите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top