Повеќе од 700 емигранти од Мјанмар и Бангладеш се истовариле денеска на источниот брег на провинцијата Ацеха, на индонезискиот остров Суматра, соопштија спасувачите.
Според најновите податоци, рибарите во морето пронашле околу 794 лица и околу 5 часот утринава ги довеле на брегот, изјави за британските медиуми претставник на градот Лангса во Ацеха.
– Емигрантите во моментов привремено се сместени во складиште од пристаништето – додаде тој.
Брод со околу 600 емигранти во неделата допловил до индонезискиот брег.
Илјадници мигранти, на слични чамци, се наоѓаат во животна опасност по морињата од југоисточна Азија бидејќи владите од регионот прават сѐ да ги спречат да пристигнат до нивна територија, и покрај барањето на ОН да ги спасуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти