Православните верници од Струмичката епархија излегоа на марш на кој бараат смена на митрополитот г. Наум. Тие сметаат дека градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, заслужува да биде на оваа позиција поради неговиот несебичен придонес за Македонската православна црква. Тие се позитивно изненадени од напорот на Заев да собира пари на рака за изградба на црковни објекти. Тој земал по две евра од квадрат за секоја средена работа околу одредена локација во општината. И додека сите што го виделе видеото мислеа дека по едно евро од квадрат оди за помош на МПЦ, а по едно евро кај Вицетo, спасителот од Муртино кој Господ го црпнал од нива, имал мисија да ја помогне Македонската православна црква. Вицетo всушност ги собирал парите за МПЦ, а не за кланот Заеви.
– Не станува збор за никаков поткуп. Јас сум спасителот од Муртинот. Господ не ме црпна од нива за да земам од народот, туку за да давам на народот. Како некој може да помисли дека спасител може да има таква незаконска мисија?! Вицета ги земаше парите како еден од олеснителните можни за да дадат сите придонес во изградбата на Соборниот храм во Струмица – рече Заев.
Фактот дека во неговата канцеларија во Општина Струмица се пуши, спротивно на важечки закони во земјава тој го објаснува како дел од неговата почит кон Бог. Палел цигара секогаш кога ќе го слушне божјиот глас, како сигнал дека ја разбрал задачата, односно новата мисија и трга во нејзино остварување.
-Обичните верници палат свеќа во црква. Но јас не сум обичен верник. Јас сум спасителот од Муртино. А Бог е над сите, па дури и над законите. Морам да го почитувам она кое тој го бара од мене – вели Заев.
Калимеро
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Калимеро
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст